Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски на покана од министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Анџелино Алфано, денеска во Рим, ќе учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи од земјите од Западен Балкан.
Како што соопшти МНР, состанокот се организира во пресрет на Самитот во Трст (12. јули 2017. година) во рамки на Берлинскиот процес, а со цел размена на информации во однос на актуелните предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот, како и разгледување на степенот на исполнување на обврските во областите предвидени со агендата на Самитот.
– Република Македонија му придава сериозно значење на Берлинскиот процес и активно учествува во процесот за изградба на зајакната регионална соработка, се наведува во соопштението од МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст