| четврток, 6 декември 2018 |

Божиновска: Да го чуваме, негуваме и почитуваме јазикот, бидејќи со тоа ја вреднуваме нашата култура и традиција

Kiril-i-Metodij-spomenik-320Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи Валентина Божиновска денеска упати честитка до МПЦ и архиепископот Охридски – Македонски г.г. Стефан по повод Денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј.

– Ова е ден кога се потсетуваме на големината на браќата Свети Кирил и Методиј, се потсетуваме дека сме нивни горди наследници и дека ние сме тие кои го продолжуваме нивното завештание да вложуваме во сопственото образавание, но и да ја продолжиме нивната света мисија – ширењето на писменоста. Заложбите на светите браќа Кирил и Методиј се воедно и потврда за македонскиот јазик, за македонската литература и култура, црква и традиција, револуција и историја, за македонското име и идентитет. Нивното дело за промоција на правото на богослужба на националните јазици на народите, стана светол пример за многу народи, исцртувајќи ја културната и верската карта на целиот свет, наведува Божиновска.

На прашањето што треба да направиме за јазикот во време на слобода и демократија, во постојна држава, во време на големи предизвици, одговорот, според Божиновска, треба да биде едноставен.

-Само да го чуваме, негуваме и почитуваме, бидејќи со тоа ја вреднуваме нашата култура и традиција, нашата историја и меморија, го воздигнуваме нашето име и идентитет, одавајќи им на тој начин достојна почит за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, подвлекува директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи Валентина Божиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top