Осумгодишната Софи Роуз Русос е најмладата жртва на масакрот во Манчестер.
Девојчето за прв пат отишло на концерт со мајка и и сестра и, кои се повредени во нападот и префрлени во болница, а на Софија оттогаш и се губи секоја трага.
После 24 часовната потрага на полицијата и стотина луѓе, девојчето е пронајдено, но за жал меѓу жртвите на нападот.
Семејството и пријателите ги бараа преку социјалните мрежи и медиумите кои ги пренесоа нивните позиви за помош и фотографиите на исчезнатите.
Точен број на деца по кои се трага се уште не е познат, а медиумите пренесоа дека 12 деца се наоѓаат на болничко лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.