| четврток, 6 декември 2018 |

Одмазда кон бившата: Нивното домашно видео го испратил на татко ѝ

Тетовец уценувал поранешна девојка со фотографии со недолична содржина кои ги испраќал на нејзини роднини.

Од МВР информираат дека од СВР Тетово поднеле кривична пријава против Д.В. (26) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 10 мај 2017 година пријавениот, без дозвола на поранешната негова девојка, на нејзиниот татко, како и на нејзините братучеди и другарки испратил нивни заеднички фотографии и видеа со недолична содржина од кои дел ги снимиле заедно, а дел оштетената ги снимила сама и му ги испраќала на пријавениот на „Ватсап“ (WhatsApp).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top