Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до сите припадници на Влашката заедница по повод одбележувањето на 23 Mај, Националниот ден на Власите.
– Почитувани сограѓани, на 23 мај го празнуваме денот кога во 1905 година Османлиската Империја донесе Ираде со кое Власите конечно беа признаени како посебен народ со свој јазик и со своја култура. Ирадето отвори ново поглавје во долгата и богата историја на Влашкиот народ. Иако империјата исчезна, дел од нејзиното наследство продолжи да опстојува. Република Македонија го наследи и го усоврши моделот на соживот, почитување и прифаќање на различноста, се вели во честитката.
Водејќи се од принцпот на Универзалната декларација на човековите права дека „признавањето на вроденото достоинство и на еднаквите и неотуѓиви права на сите членови на човештвото се темелите на слободата, правдата и мирот во светот“, се посочува, Република Македонија постави исклучително високи стандарди на гарантирање и почитување на правата на заедниците.
– Една од тие заедници е, секако, Влашката. Влашката заедница во земјава е уставно признаена и општествено ценета. А има и зошто. Меѓу Власите има бројни преродбеници, борци и револуционери кои сесрдно се вклучија во македонската борба за слобода, државност и независност. Меѓу Власите има бројни политички, културни и општествени дејци кои непосредно учествуваа во градењето на демократска Република Македонија. И за тоа сме многу благодарни, се вели во честитката.
Односот на Власите кон државата Република Македонија и кон своите сограѓани од другите етнички заедници, се истакнува, може да послужи како пример за градење и за негување на меѓусебна доверба, која е потреба на секој поединец и врзивно ткиво на целото наше општество.
– Честитајќи го празникот, ве уверувам дека и во иднина ќе продолжиме заеднички да деjствуваме и да ја негуваме традицијата, градејќи просперитетна иднина за генерациите што доаѓаат, стои во честитката од Иванов до припадниците на влашката заедница во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани