Го изразувам моето најдлабоко сочувство на оние кои се ужасно повредени во овој терористички напад и до многуте убиени и нивните семејства – толку многу семејства на жртвите.
Стоиме со целосна солидарност заедно со луѓето од Велика Британија. Толку многу млади, убави, невини луѓе живеејќи и уживајќи во нивните животи убиени од зли губитнии во животот. Нема да ги наречам чудовишта бидејќи би им се допаднал тој збор. Би мислеле дека е тоа е одличен назив. Отсега, па натаму, ќе ги викам лузери (губитници), бидејќи тоа е тоа што се. Тие се лузери. И ќе имаме уште од нив. Но, тие се губитниците, само запоменте го тоа.
Нашето општество нема да има толеранција за ова продолжување на крвопролевањето, не можеме дозволиме ни момент повеќе од колењето на невините луѓе. А, во денешниот напад повеќето беа невини деца. Терористите и екстремистите и тие кои им помагаат, мора да бидат исфрлени од нашето општество засекогаш.
Оваа извртена злобна идеологија мора да биде исфрлена, мислам навистина исфрлена, а невините живот мора да бидат заштитени. Сите цивилизирани нации мора да се здружат заедно да го заштитат чивековиот живот и светото право на нашите граѓани да живеат во безбедност и мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.