| четврток, 6 декември 2018 |

Се собираат докази за кривичната против Мухиќ, Мисовски, Џафери…

kol245-nm-sds-glasa-vo-sobranie-740x320

Основното јавно обвинителство определило надлежен обвинител во врска со кривичната пријава против пратениците Ферид Мухиќ, Горан Мисовски, Талат Џафери и уште 64 други за нелегалниот избор на претседател на Собранието на 27 април – објави Дневник. Моментално обвинителот работи на прибирање докази во предистражна постапка. Пријавата ја поднесе Здружението на граѓани за почитување на прописите од Битола.

– Во оваа фаза не можеме да ви откриеме кој обвинител е надлежен, само можеме да ви кажеме дека се работи на прибирање докази во предистражна постапка – велат од ОЈО за „Дневник“.

Не прогнозираат како ќе течат работите, кога и каква разврска може да се очекува, само велат дека постапиле соодветно на барањето на подносителот во кривичната пријава, во случајот претседател на здружението – Васко Kостески.

Во образложението на пријавата се инсистира Обвинителството итно и во најкус можен рок да ја процесира, поради тоа што изборот на Талат Џафери за собраниски претседател е нелегален и доколку не се оспори, може да повлече други нелегални дејства. Kривичната пријава е поднесена поради основано сомнение дека пратениците извршиле неколку кривични дела од Kривичниот законик: велепредавство, злоупотреба на службената должност, противзаконско посредување, лажно претставување, самовластие, фалсификување службена исправа и уште неколку други дела.

– Задачата на Обвинителството нема да биде лесна, сепак се работи за пратеници, кои, сигурен сум, ќе ја искористат својата политичка моќ за да го спречат процесот, но ситуацијата е јасна, кривичните дела се направени – изјави Kостески за „Дневник“ ден по поднесувањето на кривичната пријава во ОЈО.

Во образложението на кривичната пријава под секој од првите тројца пратеници стои „искористувајќи ја својата службена положба и овластувања, ги пречекори границите на своето службено овластување и спротивно на позитивните законски норми заедно со други лица импровизира одржување седница на Собранието на Република Македонија“. Во текстот се наведени и имињата на сите 67 пратеници од парламентарното мнозинство. Меѓу другото е наведено и дека докази за нелегалноста на седницата постојат, а дополнителни Обвинителството може брзо да прибави, со извршување увид на документите изготвени за време на изборот на Џафери, документите испратени до „Службен весник“, како и преку директните сведоштва на претседавачот Трајко Вељаноски и генералниот секретар на Собранието

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top