Турскиот театар вечерва на сцената на Театарот во Велес ќе ја изведе претставата „Шекспир во приказни“, работена според делата на Вилијам Шекспир, а во режија и кореографија на Кери К. Невзати. Драматург е Викторија Рангелова, Сценограф : Јовица Мијалковиќ, Костимограф : Маја Димовска, Видео арт и дизајн: Доријан Миловановиќ, а музиката е на Џенгиз Ибрахим.
Улогите ги толкуваат: Билјана Јовановска, Ерман Шабан, Зиба Радинчиќ, Неат Али, Несрин Таир, Осман Аали, Селпин Керим, Сузан Акбелге, Џенап Самет, Максим Петровски (дете).
Претставата се игра со титл на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.