| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната нето-плата во март изнесувала 22.445 денари

plata2

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017, изнесувала 22.445 денари и е за 1,8 отсто повисока во однос на март лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на повисоките нето-плати во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5 отсто), рударство и вадење на камен (7.2 отсто) и уметност, забава и рекреација (6.7 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во март 2017 изнесувала 32.999 денари.

Во март годинава, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top