| четврток, 6 декември 2018 |

Спиела со него за работа, после животот ѝ го направил пекол

Скопјанец уценувал девојка со компромитирачки материјали, по што вчера СВР Скопје против него поднесе кривична пријава за уцена.

Во март 2016 година пријавениот В.Г.(32) од Скопје, се запознал со оштетената, а подоцна и понудил работа во приватната клиника, а исто така и дополнително да ја вработи како домаќинка кај службеник од амбасада.

По неколку дена оштетената на социјалната мрежа „Фејсбук“ прифатила понуда од профил за кој пријавениот и кажал дека е на негов пријател, кој ќе и помогне за работа. Откако почнале да се допишуваат, тој во повеќе наврати ѝ побарал да му испрати фотографии со компромитирачки материјал. Откако ги добил, започнал со закани и уцени, а со цел да не ги објави фотографиите оштетената требало да биде интимна со него при што за целото време истиот ја снимал со неговиот телефон.

Во мај 2017 година и побарал 500 евра на оштетената, со цел да не ги објави фотографиите и видеата на интернет, истата му дала 300 евра, но пријавениот продолжил со неговите уцени и закани. На 18 мај, оштетената на пријавениот му дала 6.000 денари кои претходно биле техничнки обработени и фотографирани од страна на СВР Скопје, при што истиот е приведен и во неговиот телефон се пронајдени компромитирачките материјали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top