| четврток, 6 декември 2018 |

Започнува разврската на ракометното СП

Впечаток е дека патот на домаќинот Шпанија до финалето е полесен, но затоа во другиот дел од костурот три селекции: Франција, Хрватска и Данска се зрели за злато

Со четвртфиналните средби, сите на програмата се денеска, започнува најинтересниот дел од 23.Светско првенство во ракомет во машка конкуренција што се одржува во Шпанија. Минување на овој круг во најголема мера ќе значи медал за селекциите кои ќе успеат да останат на шампионатот до последниот викенд. Два од натпреварите се играат во Сарагоса, а два во Барселона и интересно сите временски се совпаѓаат во еден дел.

Еве ја денешната програма:

 

СЛОВЕНИЈA-РУСИЈА         (18.15 – Барселона)

ШПАНИЈА-ГЕРМАНИЈА      (19.00 – Сарагоса)

УНГАРИЈА-ДАНСКА          (20.45 – Барселона)

ХРВАТСКА-ФРАНЦИЈА      (21.30 – Сарагоса)

 

В петок во полуфиналето во Барселона вкрстуваат победниците од мечевите: Данска/Унгарија – Хрватска/Франција односно подобрите од средбите: Словенија/Русија – Шпанија/Германија.

Борбата за медали е в сабота и в недела.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top