Пренесувањето на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија.
Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во тоа време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При пренесувањето на моштите на светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото што изобилно се лееше од нив.
На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како свети Николај му го врати видот на слепиот крал Стефан.
Верниците веруваат дека свети Никола помага на секој што ќе му се обрати за помош, ги лекува болните, им помага на несреќните. Ова се смета за ден кога децата се радуваат, болните наоѓаат спас, а несреќните утеха.
На овој ден, според верувањата никако не смее да се пере облека, да се чисти куќа или да се работата домашни работи. Во некои краеви имало обичај на дарување на децата на денешниот празник, зашто свети Никола е нивни заштитник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст