| четврток, 6 декември 2018 |

Локални избори во Хрватска: ХДЗ освои мнозинство во 12, а СДП во пет хрватски градови

На вчерашните локални избори за градските совети во Хрватска, Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои мнозинство во 12 големи градови, покажуваат првичните, неофицијални резултати на Државната изборна комисија, пренесе Хина.

Агенцијата наведува дека Социјалдемократската партија (СДП) освоила најмногу гласови во пет, Истарскиот демократски сабор (ИДС) и партијата на трудот и солидарноста имаат мнозинство во по еден градски совет, како и две независни листи.

ХДЗ има мнозинство во градските совети на Крапина, Вировитица, Вуковар, Пожега, Бјеловар, Карловац, Госпиќ, Задар, Шибеник, Сплит и Дубровник. СДП најмногу советници освои во градските совети на Риека, Осиек, Чаковец, Копривница и Сисак. ИДС има мнозинство во градскиот совет на Пула, а партијата на трудот и солидарноста на Милан Бандиќ во загрепското Градско собрание.

Независната листа на Мирко Дуспара, досегашниот градоначалник, освои најмногу гласови во градскиот совет на Славонски Брод, а листата на Иван Чехок, некогашниот  градоначаналник, во градскиот совет на Вараждин.

Меѓу поголемите градови, во првиот круг се избрани четири градоначалници од редовите на ХДЗ и тоа градоначаникот на Вуковар, каде со 61 отсто гласови беше потврден досегашниот градоначалник Иван Пенав (ХДЗ-ХКС) , како и градоначалникот на Вировитица, Иван Кирин (ХДЗ-ХСЛС-ХСП АС) со освоени 60 отсто од гласовите.

Градоначалникот на Крапина (ХДЗ, А-ХСС 1904-ХСС-ЗДС) Зоран Грегуровиќ освои 58 отсто од гласовите, а нов задарски градоначалник е Бранко Дукиќ (ХДЗ-ХСП АС,ХСУ, Храст) избран со 51 отсто од гласовите.

Во првиот круг од локалните избори Стјепан Ковач, кандидат на (СДП-ХСС-ХСУ-МДС-Лабуристи) е избран за градоначалник на Чаковец со 56 отсто од гласовите, додека градоначалник на Пула и натаму ќе биде Борис Милетиќ (ИДС-ХНС-ИСУ-ПИП-Зелени) откако во првиот круг освои 51 отсто од гласовите.

Кој ќе биде нов градоначалник на останатите големи градови во Хрватска ќе се знае по вториот круг од изборите, во кои во Загреб силите ќе си ги одмерат досегашниот градоначалник Милан Бандиќ (СРСМБ) со освоени 30 отсто гласови и Анка Мрак Таритасс (ХНС-СДП-ХСС-ХСУ-НХ-СУ), која освоои 24 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top