| четврток, 6 декември 2018 |

ЦСКА му се истури на Реал Мадрид и го освои третото место во Евролигата

cska moskva

Кошаркарите на ЦСКА Москва се освојувачи на третото место на завршниот турнир на Евролигата во кошарка. Во мечот кој професионалците најмалку сакаат да го играат, руските кошаркари, иако често губеле во малото финале, сега подобро го пребродија петочниот пораз и славеа со 70-94.

Екипата на Димитрис Итудис поведе со високи +12 во првиот период. „Кралевите“ мака мачеа да ја пробијат одбраната на „црвено-сините“ и постигнаа само 10 поени за исто толку минути. Овој лош почеток и играта под обрачите во која доминираа Русите, целосно го одбележа мечот.

real madrid

На почетокот од третиот период се разиграа Де Коло и Џексон и Реал Мадрид не успеа да ја спушти разликата под 15 поени. Само Мациулис погодуваше, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.

„Армејците“ на крајот го доби натпреварот со 94-79 Најефикасни поединци во натпреварот беа Мациулис и Ајон со по 11 поени кај Реал Мадрид, а Хајнс со 14, Џексон и Де Коло со 13 и Фридсон и Хигинс со 12 кај ЦСКА Москва.

Така, и покрај тоа што дојдоа во Истанбул како две најуспешни екипи во регуларниот дел од сезоната, ЦСКА и Рел разочараа и ги освоија третото и четвртото место.

Финалето се игра со почеток од 20 часот, а ќе се сретнат екипите на Фенербахче и Олимпијакос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top