| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно: Откопани се моштите на епископ – телото е целосно! (Фото)

Иако е погребан пред 8 децении, првиот српски епископ во Америка во рацете сеуште цврсто го држи крстот.

Имено, пред десетина дена се откриени моштите на епископот Мардариј Ускокович кои се наоѓаат во црквата на манастирот Свети Сава во Либертвил. Тој е погребан декември 1935 година, а со откривањето на гробот констатирано е дека неговите мошти воопшто не се уништени.

Според сведочењето на свештеникот Николај Костур, председавач на Лигигргискиот пододбор за прослава на Свети Мардариј, моштите од гробот се извадени на 5 мај, а во тие моменти е пеена “Христос воскресе”, по српски и руски напев, поради големата љубов и посветеност на Свети Мардариј на овие традиции.

– Свештениците Серафим и Николај, пееќи ја “Христос воскресе”, го извадиле телото од гробот.

Моштите биле лесни и веднаш положени во метален ковчег, каде биле прегледани стапалата како единствен видлив дел од телото во тој момент. Коските имале златно жолта боја.

Во рацете на Свети Мардариј имало крст, кој и понатаму цврсто го држел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top