Корисниците на фејсбук наскоро ќе може да нарачуваат храна директно преку апликација на оваа социјална мрежа без потреба бесконечно да пребаруваат на страниците на рестораните какво јадење да нарачаат.
Опцијата „Нарачај храна“ ќе биде достапна на врвот ѕидот на фејсбук во веб и во мобилното издание. Добрата вест е што со само неколку клика ќе може да дојдете до омиленото јадење.
Новата опција уште не е достапна на фејсбук, но се тестира на неколку корисници во Америка. Идејата е фејсбук да се поврзе со сите доставувачи на храна. Ова засега се однесува на американскиот пазар.
Комплетниот процес на нарачување храна, плаќање и преземање ќе се врши преку апликацијата на фејсбук. Ќе добите мапа на ресторанот кој е во ваша близина и понуда на неговите најдобри јадење заедно со цената. Со еден клик ќе може да нарачате храна која ќе ви биде доставена на врата или може сами да ја земете од ресторан, ако сакате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.