Што се однесува до новите студентски домови, можам да ви кажам дека за два веќе е избран градител, изведувач кој што ќе ги гради и потпишан договор за градба. Тоа е за студентскиот дом „Медицинар“ и за студентскиот дом во Тетово кој ќе биде во склоп на тетовскиот универзитет, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска одговарајќи на новинарско прашање.
За овие два студентски домови, нагласи Груевски, се направи проект, идеен, основен, се отвори тендер за градба, се заврши тендерот за радба, се избра градител, се потпиша договор и тој во наредните неколку недели треба да ја почне градбата на овие два студентски дома.
-Што се однесува до третиот, тоа е студентскиот дом во Карпош, студентскиот дом „Тодор Александров“, за него вчера колку што сум информиран извршен е избор на идејно решение, следува потоа потпишување на договор за изработка на идејно решение, веројатно и на основен проект и потоа ќе се пристапи кон тендерирање за градба, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изрази надеж дека СДСМ и новото мнозинство нема да ги прекинат овие проекти, затоа што, како што нагласи, се работи за капитални проекти за младите луѓе, ги тангира младите луѓе, оваа генерација, но и наредните генерации што доаѓаат, тие што се сега средно училиште или основно уилиште или пак оние кои што во наредните години ќе имаат потреба од студентски домови.
-Значи, од вкупно три, за два се завршија компетно сите процедури и се потпиша договорот за градба, додека за третиот во тек е процедурата на склучување договор за изработка на иден проект, рече Груевски.
Покрај ова, нагласи тој, во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се заврши реновирањето на првиот и вториот блок, се реновираат следните два блока, се набави нов мебел за сите студентски домови во Република Македонија. Се набавија исто така и машини за перење и сушење на алишта, коишто студентите ги користат бесплатно.
-Од наша страна она што се ветуваше се постигна со максимално голема брзина, некои работи целосно се завршија, некои се на половина, некои се во некоја подлабока фаза. Неспорно е дека доколку ние ја направевме владата ќе ги завршевме, останува сега на волјата и на свеста на наредната влада да ги продолжи и заврши овие проекти, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст