Инсталирањето на бомби и експлозивни направи во лаптоп компјутерите е само прашање на време, изјави шефот на Комитетот на ОН за борба против тероризмот, Жан-Пол Лаборд.
Како што јави Би-Би-Си, ваквата изјава на Лаборд следи откако САД и ЕУ се договорија да се откажат од идејата за забрана за внесување на лаптоп компјутери и други паметни уреди поголеми од мобилен телефон во авионите на летови од Европа кон американските аеродроми.
Лаборд изјави дека не е сигурен дали припадниците на групата Исламска држава (ИД) можат да извршат напад со лаптоп-бомба, но оти е сигурен дека тоа можат да го сторат ораганизирани криминални групи на кои џихадистите би можеле да им се обратат за помош.
Вашингтон во март воведе забрана за внесување на лаптопи во авионите на летовите од Египет, Јордан, Катар, Кувајт, Мароко, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Турција кон САД, по што се појави предлог за воведување на такво ограничување и на летовите од Европа.
Според Лаборд, следниот бран на враќање на борци на ИД во Европа, ќе биде многу поопасен од претходниот.
– Бидејќи ИД груби територии во Сирија и Ирак, борците кои се доселиле таму од Европа, сега ќе почнат да се враќаат назад, изјави Лаборд.
Според него, безбедносните служби на европските земји веруваат дека во овој бран во Европа ќе се вратат три пати поголем број припадници на ИД, отколку во целата мината година.
– Наспроти ограничувањата на патувањата, терористите ќе се обидат да ги преминат границите и да прошверцуваат се со себе, истакна Лаборд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст