| четврток, 6 декември 2018 |

Претставување на македонската современа поезија и проза на Саемот во Варшава

На Меѓународниот саем на книгата во Варшава, денеска ќе биде претставена  современата македонска поезија и проза.
Поздравно обраќање до присутните

ќе има амбасадорката на Република Македонија во Варшава Горица Атанасова-Ѓоревска, а осврт за современата македонска книжевност ќе има проф. д-р Лила Мороз-Грзелак од Полската академија на науки.

На книжевната средба ќе настапат афирмираните македонски автори Блаже Миневски, Јовица Тасевски-Етернијан и Владимир Илиевски, кои ќе ги читаат своите текстови на македонски јазик, а нивните дела преведени на полски јазик ќе ги интерпретира Марко Шапкаров Орловски, преведувач и писател.
Модератор на книжевната средба ќе биде Пјотр Добролецки, издавач, новинар, главен уредник на списанието „Книги“ (Książki) и на списанието за литература „Остров“ (Wyspa), а на настанот учествуваат и Барбара Крамар, преведувачка и експерт за односи со јавноста и со медиумите.
Овој централен настан на македонското претставување на Меѓународниот саем на книгата во Варшава е во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје и Амбасадата на Република Македонија во Варшава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top