Вкупниот број превезени патници во патниот патнички превоз е зголемен за 6,5 проценти во првото тримесечје од годинава во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 1,4 проценти, во приградскиот превоз за 15,9 проценти, во меѓународниот превоз за 23,8 проценти, додека во меѓуградскиот превоз има намалување за 0,8 проценти.
Во однос на четвртото тримесечје минатата година, вкупниот број превезени патници е намален за 0,9 проценти. Во градскиот превоз е намален за 7,3 отсто, во приградскиот превоз е зголемен за 11,3 проценти, во меѓународниот превоз за 4,5 проценти, додека во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 6,9 проценти.
Во првото тримесечје од годинава вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 14,7 проценти. Во градскиот превоз е зголемен за 7,8 отсто, во приградскиот превоз за 18,6 отсто, во меѓународниот превоз за 40,3 отсто, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 2,8 отсто.
Во однос на четвртото тримесечје лани, вкупниот број на патнички километри е зголемен за 14,7 проценти. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 14.2 проценти, во приградскиот превоз за 35,8 проценти, во меѓународниот превоз за 27,7 проценти, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 12,1 процент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст