Со свечена академија, што се одржа во кино салата на Кинотека на Македонија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска Филмска Театарска Танцова Академија Скопје-Париз- Есен-Ротердам го одбележа десетгодишниот јубилеј.
На свеченоста присуствуваше првиот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, поранешниот министер за образование Сулејман Рушити, бројни амбасадори меѓу кои Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција, Кристине Алтхаузер, амбасадор на Германија, Мартин Безјак, амбасадор на Словачка, Мирослав Рамеш, амбасадор на Чешка, Ласло Дукс, амбасадор на Унгарија, Виорел Станила, амбасадотот на Романија, Илбер Иса, амбасадор на Косово како и претставници на амбасадите на Грција, Хрватска, САД и Турција, како и претставници на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и сите приватни и државни универзитети во Македонија.
Како што е познато, на овој елитен универзитет за првпат во високообразовната историја на Македонија се акредитирани дефицитарните аудио визуелни професии: фотографија, композиција на филмска музика, мултимедијална режија, сценографија, костимографија, инженеринг за звук и продукција. Во оваа деценија со дипломи од сите професии се здобиле 193 кадри од сите професии, а на постдипломските студии веќе 40 се стекнале со звање магистри од областа на сценските и аудиовизуелните уметности..
Специфика на овој универзитет е што нема невработени од дипломираните.
Импресивната европска и интернационална 10 – годишна одисеја на оваа високообразовна институција се одвива под мотото „Светот во Македонија, Македонија во светот!“ а беше крунисана со прогласувањето на еден од столбовите на историјата ана Универзитетот, ликовниот уметник и професор Владимир Георгиевски за Doctor Honoris Causa. Во знакот на десетгодишнината на универзитетот ќе се одвиваат и фестивалите на Југоисточна Европа во Париз и Берлин и поголем број презентации на академски и научно истражувачки проекти што Универзитетот ги реализира со поголем број светски академски институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст