| четврток, 6 декември 2018 |

Консолидација

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

 

Без оглед на сите грешки и недоразбирања, без оглед на стравовите и иритациите, и без оглед на хаотичноста и недостигот од прецизни и храбри стратегии, не е време за обвинувања и ретроспективни ламентирања, преполни со дефетизам и бесцелни заемни товарења.

Време е за консолидација!

За средување на редовите и едно реструктуирање со прецизно разработување на тактиките и стратегиите на револуцијата на македонските граѓани за спас на државата и на нацијата. За спас на народот од ужасни, крајно непосакувани состојби, од кои самото извлекување значи војна со несогледливи последици. Затоа треба да се сфати целата историска тежина на овој политички моментум.

Тука веќе нема место за идеологии или дихотомии околу концептите за креирање на општествените стратиграфии и нивната улога во дизајнирањето на легалистичкиот концепт во земјава. Тука се работи за хтонска диверзија, за обид за уривање на темелите на оваа држава, онаква каква ја знаеме и во каква сѐ уште живееме.

Ако сѐ уште имате дилеми за тоа, запрашајте се каде води оваа бессловесна окупација и колонизација на Република Македонија.

Избирањето на хипотетичната самопромовирана влада, која без мандат од претседателот ќе биде нелегална, како што е, впрочем, нелегален и претседателот на Собранието, е без сомнение чин на воспоставување протекторат од НАТО и од ЕУ врз нашата држава.

За некои сили во Македонија ова е долгоочекуван момент, време кога тие по долго апстинирање од власта, конечно, ќе зацарат. Нивните соништа да бидат сатрапи врз сопствениот народ, конечно ќе видат виделина. Се надеваат.

• Иако нивната претстава е проѕирна, нив тоа воопшто не ги интересира. Тие сакаат моќ, пари и одмазда. Всушност, сите овие феномени одамна ги практикуваат, но сега е време да го прават тоа во голем стил.
• Ќе владеат одмазднички и безмилосно, исто онака како што владееја нивните предци цели педесет години.
• Демократијата е за говеда, кои не знаат што сакаат. Ние знаеме што сакаме и тоа многу го сакаме. За тоа сме подготвени да направиме сѐ. Предавството што го правиме кон сопствениот народ, е најмалку што можеме да направиме. Ова дури и нѐ забавува и развеселува. Ќе видите, кога ќе почнеме да менуваме и бркаме од работа наши политички неистомисленици, од министри до хигиеничарки!
• Но, се извинувам, а што со хигиеничарките, кои гласаа за вас на последните избори? Можеби ќе ги воздигнете до министри во вашата нова хипотетична влада? Или?!
• Гледате колку е апсурдно сето тоа? Та зар гласавме „За живот“ за таму да истераат некои сироти вмровски хигиеничарки, за нас да нѐ стават на нивното место?! Та не гласавме за да бидеме хигиеничарки?! Или?!
• ОК, ќе ви отвориме на сите вас НВО гранапчиња, а газда Сорос ќе ви сипа пари колку што ќе посакате!
• Но, тоа не е доволно! Сакаме човечко месо, да јадеме живи луѓе сакаме!!!
• И тоа ќе биде! Секој петок ќе ви фрламе живи луѓе на плоштад, а вие ќе ги јадете, ем черечите! Ете, гледате, за живот треба живи луѓе, а не зомби во какви се претвораат граѓаните на Република Македонија под диктатот на чудовиштето од мочуриштето на државата во држава кого претседателот Доналд Трамп вети дека ќе го исуши. До каде е таа работа? Почна ли да го суши или и натаму е заглавен и едвај се движи во тињата?
• Можеби му треба малку повеќе помош од пријателите, Владимир и Кси? А можеби стапицата за чудовиштето од мочуриштето на државата во држава е веќе активирана? Уште само да се затвори кафезот. А, потоа… ах… кап… цап…

Значи, време е за една општа консолидација. Контраофанзивата на неолибералите и државата во држава, всушност, беше добро изрежирано сценарио на антиглобалистите. Сѐ со цел, нивните линии да се растегнат и раслабат. Сега нема назад. Чудовиштето го вадат на суво и светло место. Тоа го распаметува и му нанесува стравотни болки. Но, ова е само почеток.

Револуцијата на антиглобалистичките сили, што се одвива во светот, па и кај нас, не смее и не може да запре. Правдата, почитувањето на другиот и одговорноста пред себе и своите блиски мора да бидат зачувани, а таму, каде што луѓето се покорени и обесправени, да бидат ослободени и ставени во функција за општ бенефит.

Криминалците треба да бидат изолирани од командните места во општествената хиерархија. Револуцијата ќе се погрижи за новиот и поправеден поредок. Наскоро…

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top