| четврток, 6 декември 2018 |

Заев расчистува со македонштината во СДС

Оста­на ли „маж“ кај ма­ке­дон­ски­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти што ќе се из­бо­ри и ќе ја пре­зе­ме кон­тро­ла­та од оваа „збир­шти­на“ од не­де­фи­ни­ра­на­та ан­ти­ма­ке­дон­ска пол­трон­ска ор­га­ни­за­ци­ја ко­ја це­ли ед­ног­лас­но да ја ур­ни­са др­жа­ва­та и ак­ла­ма­тив­но да се сог­ла­си за си­те стран­ски пла­тфор­ми, ге­но­ци­ди, ре­де­фи­ни­ра­ња и си­лу­ва­ња на ма­ке­дон­ски­от на­род и не­го­ва­та иден­ти­тет­ска по­себ­ност иска­жа­ни пре­ку ин­терв­ју­а­та на За­ев во со­седс­тво­то? За овој кон­грес, не!

Со ман­да­тот под па­зу­ви и со отво­ре­на те­ле­фон­ска ли­ни­ја на слу­шал­ки во уши­те, Зо­ран За­ев ќе вле­та на но­ви­от кон­грес, ка­де што ќе тре­ба да се до­чи­сти сѐ што е пре­о­ста­на­то од не­ко­гаш­на­та моќ­на пар­ти­ја. Ни­кој од при­сут­ни­те не мо­же да би­де из­ла­жан де­ка тоа што За­ев ќе се оби­де да го прот­не ка­ко по­стиг­нат ус­пех не е ре­ал­но одра­бо­те­но, ни­ту е ре­зул­тат на ре­а­ли­зи­ра­на по­ли­тич­ка аген­да. И ман­да­тот за фор­ми­ра­ње вла­да и пар­ла­мен­тар­но­то мно­зинс­тво, кое на­вод­но го пред­во­ди Зо­ран За­ев, не се де­ло на пар­ти­ска­та по­ли­ти­ка ни­ту на остро­ум­но­ста на вр­ху­шка­та. Сѐ е тоа до­би­е­но на по­да­рок од оку­па­то­рот на ма­ке­дон­ска­та су­ве­ре­ност. За­ед­но со ти­ран­ска­та пла­тфор­ма за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та со про­ме­не­то име и на­род со по­и­на­ков иден­ти­тет. И се­га со се­то тоа тре­ба да се по­крие со вна­тре­пар­ти­ско­то рас­по­ло­же­ние за по­да­нич­ки­от ан­ти­ма­ке­дон­ски од­нос кон да­ри­те­ли­те.

По­стои пла­тфор­ма по ко­ја За­ев и вр­ху­шка­та во­дат кон ид­ни­на­та на не­ко­гаш­на­та пар­ти­ја, а се­ка­ко де­ка таа пла­тфор­ма ќе би­де над­гра­ду­ва­на за да мо­же што по­дол­го да се одр­жи на че­ло на тоа мно­зинс­тво. Таа пла­тфор­ма За­ев и не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци ја до­би­ја исто­вре­ме­но со пла­тфор­ма­та ко­ја им бе­ше ис­по­ра­ча­на на ма­ке­дон­ски­те ет­нич­ки Ал­бан­ци. Нив­ни­от дел од уло­га­та, ис­по­ра­ча­на пре­ку про­ект­ни­от кон­тра­ктор Еди Ра­ма од Ал­ба­ни­ја, бе­ше да го амор­ти­зи­ра­ат на­па­дот кон За­ев и да се ис­це­ни­ра на­ци­о­на­ли­зам во дејс­тву­ва­ње­то на оние кои се бо­реа за за­чу­ву­ва­ње на су­ве­ре­ни­те­тот на др­жа­ва­та. Ме­ѓу нив, огро­мен број се не­ко­гаш­ни со­ци­јал­де­мо­кра­ти по убе­ду­ва­ње и страс­ни под­др­жу­ва­чи на не­ко­гаш­на­та пар­ти­ја на За­ев.

Би би­ло за­ла­жу­ва­ње ако не се ве­ру­ва де­ка во таа уло­га од­ли­чен дел од ко­ла­чот до­би­ва­ат ал­бан­ски­те пар­тии и де­ка во­оп­што таа оди во пол­за на ал­бан­ски­те на­ци­о­на­ли­сти во ре­ги­о­нот. За­ла­жу­ва­ње е и ако не се гле­да де­ка ба­ра­ња­та во ти­ран­ска­та пла­тфор­ма не се ви­стин­ски и де­ка тие ќе мо­ра да се спро­ве­дат во за­ме­на за под­др­шка­та ко­ја бе­ше от­ста­пе­на за да се ану­ли­ра раз­ли­ка­та во пра­те­ни­ци во пол­за на За­ев и да се до­ве­де по­ли­тич­ка­та со­стој­ба во по­лож­ба да се фор­ми­ра пла­тфор­ма­шко со­бра­ни­ско мно­зинс­тво.

Се­то тоа бе­ше, е и по­на­та­му ќе оста­не на ште­та на су­ве­ре­ни­те­тот на др­жа­ва­та, на ма­ке­дон­ска­та де­мо­кра­ти­ја и најм­но­гу на ште­та на те­ме­лот на оп­штес­тво­то – на ште­та на гла­са­чи­те. Си­ли­на­та на упа­дот со кој, и по це­на на су­ве­ре­ни­те­тот на др­жа­ва­та, За­ев бе­ше дом’кнат до ман­дат за фор­ми­ра­ње но­ва вла­да, е поз­нат на мно­гу­ми­на, но за сре­ќа (или не­сре­ќа) ќе оста­не не­поз­нат за ши­ро­ка­та јав­ност. Но, до­вол­но е поз­нат за тие што се за­ни­ма­ва­ат со по­ли­ти­ка.

От­ту­ка и фа­ктот со кој За­ев и вр­ху­шка­та ќе вле­зат на кон­гре­сот. За­ев е пр­ви­от од не­ко­гаш моќ­на­та, не­ко­гаш­на­та, ка­ко што ми­лу­ваа да ка­жат, „др­жа­во­твор­на пар­ти­ја“, кој тре­ба­ше да под­не­се пис­мен до­ку­мент, га­ран­ции не де­ка ќе ги шти­ти, ту­ку де­ка не­ма да ги на­ру­шу­ва уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та, неј­зи­ни­от су­ве­ре­ни­тет, те­ри­то­ри­јал­ни­от ин­те­гри­тет, ка­ко и де­ка не­ма да ги на­ру­ши устав­но­ста и де­мо­крат­ски­те прин­ци­пи за до­не­су­ва­ње од­лу­ки и вла­де­е­ње на пра­во­то , до­ве­ду­вај­ќи ја др­жа­ва­та во по­лож­ба на пот­чи­не­тост или за­вис­ност од дру­га др­жа­ва.

А, тоа ве­ќе го сто­ри. На очиг­лед на си­те, ги на­ру­ши си­те де­мо­крат­ски прин­ци­пи и вла­де­е­ње­то на пра­во­то, ја на­ру­ши устав­но­ста и ја до­ве­де др­жа­ва­та во по­лож­ба на пот­чи­не­тост и за­вис­ност од дру­ги др­жа­ви. Точ­но, тоа е чи­нот со кој бе­ше на­си­ла, со сил­на стран­ска ин­тер­вен­ци­ја, по­ста­вен со­бра­ни­ски спи­кер. От­ту­ка и проб­ле­мот ка­ко се­га прав­но да се за­тво­ри таа пр­ва сед­ни­ца за из­бор на ко­ми­си­ја и на­та­му из­бор на пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то. Уште по­страш­но, ако се ра­бо­те­ше за вла­де­е­ње на пра­во­то, а тоа не е ви­стин­ска­та при­чи­на за це­ли­от над­во­ре­шен упад во ма­ке­дон­ски­от си­стем или ако вр­ху­шка­та сме­та­ше де­ка се­то тоа што се на­пра­ви е ле­гал­но, не би оста­ви­ле зад се­та таа „исто­ри­ска“ про­це­ду­ра да стои пот­пи­сот на при­вр­зо­кот Го­ран Ми­сов­ски, при тол­ку прав­ни­ци во пар­ти­ја­та. Но, не­кој не­ко­гаш ќе тре­ба да го по­не­се кр­стот на сра­мот.

Вто­ри­от мо­мент од „вла­де­е­ње на пра­во­то“ што се кр­ши, е тоа што Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а во­ед­но и не­ко­гаш­на­та го­ле­ма пар­ти­ја, до­би ман­да­тар про­тив ко­го има суд­ски про­це­си, ме­ѓу кои ба­рем за ед­на има те­жок „пу­тер на гла­ва“ за по­ткуп. При­тоа, е або­ли­ран кри­ми­на­лец. При­тоа, бе­ше го­нет за ор­га­ни­зи­ра­ње пре­врат.

Се­га овој лик, со ман­дат до­би­ен под при­ти­сок, со за­ка­ни за крв од ил­јад­ни­ци жр­тви по ули­ци­те, без ни­ед­на ос­тва­ре­на из­бор­на по­бе­да, тре­ба да до­рас­чи­сти и во сво­ја­та сул­тан-пар­ти­ја со не­вер­ни­ци­те во ре­де­фи­ни­ра­ње­то на др­жа­ва­та и ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет.Ге­не­рал­ка­та за ре­де­фи­ни­ра­ње поч­на вна­тре

За­ев и не­го­ва­та вр­ху­шка си­стем­ски ги тр­гаа со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те од пар­ти­ја­та за да мо­же по­тоа да ја пре­да­дат на ус­лу­га за стран­ски ин­те­ре­си. Отка­ко За­ев ја пре­зе­де пар­ти­ја­та, таа не са­мо што го за­гу­би сво­јот иден­ти­тет, ја за­гу­би до­вер­ба­та од гла­са­чи­те, го за­гу­би и сво­е­то членс­тво. По ни­што по­ве­ќе не мо­же да се пре­поз­нае не­ко­гаш­на­та пар­ти­ја. По­ли­ти­кант­ство­то и сер­вил­но­ста ко­ја ја вмет­на ка­ко на­чин на ра­бо­та но­ва­та вр­ху­шка, сѐ по­ве­ќе ги од­да­ле­чу­ва­ше не са­мо оста­то­ци­те од ста­ро­то ја­дро, ту­ку и од оние кои му ја да­доа под­др­шка­та на но­во­то ра­ко­водс­тво. Чис­тка­та поч­на со пре­зе­ма­ње­то на За­ев на не­ко­гаш­на­та пар­ти­ја. Од кон­гре­сот во 2013 го­ди­на и за влак­но по­стиг­на­ти­от ре­из­бор на За­ев, тој го сме­ни ста­ту­тот на пар­ти­ја­та со што тој лич­но ги из­би­ра де­ле­га­ти­те за кон­гре­сот кои по­тоа гла­са­ат за не­го. За не­го­ва­та то­та­ли­тар­ност и пре­зе­ма­ње­то на пра­во­то за из­бор на оп­штин­ски ра­ко­во­ди­те­ли и де­ле­га­ти пи­шу­ваа и тра­ди­ци­о­нал­но бли­ски­те Оли­ве­ра Трај­ков­ска или Ивор Миц­ков­ски, за што ди­рект­но ја по­со­чу­ваа Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска.

Од то­гаш ги сне­му­ва вид­ни­те и звуч­ни ими­ња кои зна­чеа не­што за со­ци­јал­де­мо­кра­ти­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја и над­вор, а нив по­ле­ка ги за­ме­ну­ваа пол­тро­ни, на кои За­ев по­тоа им исп­ле­те иста мре­жа. Та­ка, од јав­но­ста ги сне­ма Гор­дан Ге­ор­ги­ев, Ан­дреј Пе­тров, Игор Ива­нов­ски-Ше­ма, Зо­ран Јо­ва­нов­ски, ја сне­ма На­та­ша Са­во­ва, Ка­ро­ли­на Ри­сто­ва-Асте­руд, Сла­ви­ца Гр­ков­ска. Но, рас­чи­сту­ва­ње­то не за­вр­ши са­мо со ста­ри­те „бран­ко­ви­стич­ки“ ка­дри.

Не бе­ше тоа ос­нов­на­та иде­ја за вр­те­ње на стра­на­та во ко­ја пр­во по­со­чи де­ка не му до­ли­ку­ва па­три­о­тиз­мот. Од ком­би­на­ци­и­те от­пад­на и Ван­чо Узу­нов, чиј­што про­фе­сор­ски ка­ра­ктер не ус­пеа да надв­ла­дее над „ком­пе­тент­но­ста“ на Ки­ре На­у­мов, на­ши­ро­ко опи­шан во до­ку­мен­ти­те за афе­ра­та за при­ва­ти­за­ци­ја­та на ма­ке­дон­ски­от те­ле­ком. Ги сне­ма и „но­ви­те деч­ки“ кои дој­доа ка­ко за­ме­на, ка­ко што е Го­ран Су­га­рев­ски, Сол­за Гр­че­ва и Љу­би­ца Бу­ра­ли­е­ва. Ја сне­ма и Ро­за То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска од без­лич­ни­от са­те­лит-пар­ти­ја чи­е­што име на пре­тсе­да­тел ве­ќе ни­кој не го знае. Су­га­рев­ски, кој бе­ше и но­са­чот на пра­те­нич­ка­та гру­па во прет­ход­ни­от пар­ла­мен­та­рен со­став, по­тоа не се нај­де ни­ту на ли­ста за пра­те­ни­ци на след­ни­те из­бо­ри. От­пад­на и Со­фи­ја Ку­но­ска, а на­ме­сто нив на из­бор­ни­те ли­сти ме­сто­то го за­зе­де Со­ро­со­ва­та ар­ми­ја.

До­де­ка За­ев го пре­да­ва­ше се­вкуп­но­то кре­и­ра­ње на по­ли­ти­ка­та и пар­ти­ски­те ста­во­ви на Со­ро­со­ви­те ор­га­ни­за­ции, и ор­га­ни­зи­ра­ше си­лу­ва­ње на др­жа­ва­та, не со­пре ни­ту на­силс­тво­то во пар­ти­ски­те раз­гра­но­ци. От­ту­ка и акту­ел­на­та по­ста­ва се пот­пи­ра на Ли­ле По­пов­ска и на Пав­ле Тра­ја­нов вна­тре, а од­над­вор на уз­да се от­па­до­ци­те од „па­три­от­ски­от“ пер­и­од на СДС. Стран­ци­те кои ѝ ја од­зе­доа су­ве­ре­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја, ги уце­ни­ја по­ли­тич­ки­те сла­ба­ци да за­ста­нат по­крај За­ев. Го уце­ни­ја и За­ев да со­ра­бо­ту­ва со „тен­де­ра­ши­те“ од ДУИ; но и по­втор­но му го сед­наа в скут Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски. Вос­по­ста­ву­ва­ње­то на сул­танс­тво­то во ор­га­ни­за­ци­ја­та се­га са­мо тре­ба да се „пок­ло­ни“ на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма и на­чи­нот со стран­ска на­сил­на, ан­ти­ма­ке­дон­ска пре­си­ја да се обез­ли­чи на­ро­дот и др­жа­ва­та.

Оста­на ли „маж“ кај ма­ке­дон­ски­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти што ќе се из­бо­ри и ќе ја пре­зе­ме кон­тро­ла­та од оваа „збир­шти­на“ од не­де­фи­ни­ра­на­та ан­ти­ма­ке­дон­ска пол­трон­ска ор­га­ни­за­ци­ја ко­ја це­ли ед­ног­лас­но да ја ур­ни­са др­жа­ва­та и ак­ла­ма­тив­но да се сог­ла­си за си­те стран­ски пла­тфор­ми, ге­но­ци­ди, ре­де­фи­ни­ра­ња и си­лу­ва­ња на ма­ке­дон­ски­от на­род и не­го­ва­та иден­ти­тет­ска по­себ­ност иска­жа­ни пре­ку ин­терв­ју­а­та во со­седс­тво­то? За овој кон­грес, не! Јав­ни­те оби­ди за спро­тив­ста­ву­ва­ње, ка­ко пи­шу­ва­ња­та на Со­фи­ја Ку­нов­ска и на дру­ги по­ра­неш­ни чел­ни­ци за „ким­јун­гу­ни­за­ци­ја“ во оп­штин­ски­те ор­га­ни­за­ции, и све­сту­ва­ње­то на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те де­ка ти­ран­ска­та пла­тфор­ма не е на­уч­на фан­та­сти­ка, ту­ку про­гра­ма ко­ја За­ев и вр­ху­шка­та ќе ја спро­ве­ду­ва­ат до крај, не се до­вол­ни. Пар­ти­ја­та – нас­лед­ник на КПМ и не­ко­гаш нај­моќ­на по­ли­тич­ка ор­га­ни­за­ци­ја во др­жа­ва­та – одам­на е во со­стој­ба на кли­нич­ка смрт. На ма­ке­дон­ски­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти, по овој кон­грес на­ме­нет за его­то на За­ев и на вр­ху­шка­та, им оста­ну­ва са­мо ед­ног­лас­но да се про­стат од неа и да нај­дат на­чин за ид­но ви­стин­ско по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 246. број на неделникот „Република“, 19.5.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top