Учениците од основното училиште „Партенија Зографски“ последниве десет дена не јадат на големиот одмор и ги собираат сите пари што им ги даваат родителите за да си купат ужина за да помогнат за лекувањето на нивното другарче Павел.
Павел е едно од децата што на Велигден настрада од струен удар при обид да се фотографира на воз во депото на Македонски железници. По неколку дена поминати на скопските клиники, детето е префрлено на лекување во Англија. Павел е во вештачка кома, а за следната интервенција се потребни 25.000 евра. Пари што неговите другарчиња и соученици помагаат да се соберат.
Мајка на едното од децата што собираат пари, објасни дека десетина дена децата не купуваат ужина, сокчиња и од родителите бараат пари за да донираат за Павел. Исто така, децата и со кутии за донации поминуваат низ училниците.
-Ја прашувам ќерка ми што јадела денес во школо, ми вели ништо. Јас и велам, зар цел ден седеше гладна? Ми вели да, и не само јас, никој веќе не јадеме во школо и не ги трошиме парите, туку ги собираме за Павел. Детево ми кажува дека сите деца од шесто до деветто одделение веќе десетина дена не трошат пари за ништо, престанале да купуваат ужина, не јадат, не купуваат сокови, секој ден трчаат со кутијата за донации и собираат пари. Секој денар што го имаат го ставаат во кутијата и на крајот на часовите парите ги предаваат на класниот на Павел! Сакале да соберат што повеќе пари пред да заврши училишната година. Какви деца а, хероишта!- вели мајката.
Освен акцијата на децата, пари за лекувањето на Павел ќе се собираат и во сабота на хуманитарната забава во Нано бар. 30 проценти од целиот промет ќе биде дониран за лекувањето на Павел, а ќе има и кутија за донации.
Се повикуваат општини, граѓани, иселеници, компании, сите кои можат да помогнат да донираат.
Повикот за донации се прошири по социјалните мрежи:
Сите кои сакаат да помогнат, може да донираат и на следниве броеви:
Т-мобиле 070 143 106
Вип/Оне 077 143 481
Како и на следнава жиро-сметка:
Лорена Беќаровска -210501648829038- NLB TUTUNSKA BANKA
со цел на дознака: донација за Павел
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата
-
Денешните генерации се 15 години „постари“ од родителите на иста возраст
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село