Градоначалникот на град Скопје не се откажува од идејата да се воведе и трамвајот како ново превозно средство во Скопје. Тој на средба со кметот на Софија, Јорданка Фандакова, разговараше за искуството со решавањето на секојдневниот градски метеж.
– Имавме средба со градоначалничката и нејзиниот тим и разговаравме на теми од областа на сообраќајот и екологијата. Разговаравме за видовите на сообраќај кои што ги има во градот Софија како и стартегија на развој на сообраќај, дискутиравме и за начинот на организирање на паркирањето, како и организирањето на такси службата во Софија. Го посетивме и Центарот за контрола на сообраќај, каде што од едно место се управува автобускиот, трамвајскиот и тролејбускиот сообраќај. Во секој случај стекнавме многу значајни и вредни искуства за нас и за Градот Скопје – истакна Трајановски.
Скопје, покрај трамвајот ќе добие и нов Центар за управување и контрола на сообраќајот, кој ќе помогне да се скрати времето за патување низ градот за 50 проценти. Преку новиот систем за регулирање на сообраќајот ќе се зголеми проточноста на возила по улиците и ќе се намалат загадувањето и потрошувачката на гориво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром


