Судските патолози соопштија во четврток дека американскиот музичар Крис Корнел извршил самоубиство со бесење.
Корнел(52) беше пронајден во среда вечер во несвесна состојба во хотелска соба, а локалната полиција веднаш отвори истрага за можно самоубиство бидејќи музичарот, како што пренесоа некои медиуми, имал јамка околу вратот. Патолозите наведоа дека целиот извештај на обдукцијата ќе биде соопштен подоцна во текот на денот. Корнел беше пејач и тапанар на групата Саундгарден од Сиетл, лулката на гранџ движењето настанато 90-сеттите години. Саундгарден е дел од членовите на „големата гранџ четворка“, заедно со бендовите Нирвана, Прл Џем и Алис ин Чејнс. Бендот беше активен од 1984 до 1997 година, а потоа во 2010 година ја обнови работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.