Тринаесетгодишно момче од Велика Плана е првата жртва на опасната игра „Син кит“. Момчето ги следело инструкциите од играта од љубопитност, но бидејќи не разбирало доволно добро англиски, следело фотоупатство за да знае што треба да прави.
Озлогласената руска игра „Син кит“, која ги наведува тинејџерите да се сечат со жилети, да се бодат со игли и на крајот да се убијат, пристигна во Србија.
Момчето од Велика Плана се сечело со пенкало по раката, но, за среќа, неговите родители навреме ги забележале повредите и го одвратиле од видеоиграта, а случајот го пријавиле во полиција.

Филип Будејкин
Момчето признало дека се исекло поради играта, за која дознало од другарче од одделението, па ја инсталирало на мобилниот телефон.
Момчето само еднаш ја играло играта. Изјавило дека не е суицидно и дека се повредило од љубопитност.
Филип Будејкин (21), кој ја осмисли оваа опасна игра наменета за самоубиство на лабилни деца, ги призна злосторствата и изјави дека неговите жртви се „биолошки отпад“ и дека биле среќни што ќе умрат и дека тој на тој начин го „чисти општеството“.
Тој се наоѓа во озлогласениот затвор „Крести“ во Санкт Петербург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пешак се обиде да се самоубие (видео)
-
Нова трагедија го потресе светот: Се самоуби уште еден кошаркар!
-
Се враќала од работа кога монструмот ја покосил на тротоар – таа е прва од 10 жртви од нападот во Торонто!
-
Завршена е обдукцијата: Трудната припадничка на војската си пукала од пиштолот на свршеникот