| четврток, 6 декември 2018 |

Петто издание на фестивалот „Прво па женско“

Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, почнува денеска и ќе трае до 21 мај во МКЦ. Јубилејното петто издание на фестивалот е во организација на „Тиииит! Инк.“.

На Фестивалот ќе се разговара за тоа колку сме отворени, искрени и слободни да говориме за феминизмот и прашањата што ги засегаат жените, но и мажите.

Дали воопшто знаете што претставува феминизмот и за кои вредности тој се бори? Дали сте доволно храбри да си поставите некои прашања тивко пред себе, а камоли јавно да проговорите за нив?  Ова се дел од прашањата и дилемите на кои учесниците ќе обидат да дадат одговори.

– Ни претставува огромна радост што успеавме да дотуркаме до петтото издание, чија програма ги враќа назад некои од незаборавните учеснички и учесници од претходните години, на кои им се придружуваат нови возбудливи пријател(к)и на фестивалот. Се гледаме во МКЦ заедно да ги промислуваме и славиме женските права и слободи. Сериозните чичковци во костуми, седнати на одлучувачки позиции, сериозно потфрлија. Ред е на жените да го спасат светот – велат девојките што го организираат фестивалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top