| четврток, 6 декември 2018 |

Почна исплатата на субвенциите за земјоделците

Министерството за финансии денеска почна со исплата на субвенциите на земјоделците, веднаш по објавување на одлуката на Уставен суд во „Службен весник“ со која ги отстранува законските пречки за исплата, соопштија од кабинетот на министерот за финансии.

– Исплатени се 463 милиони денари субвенции во рамки на кои целосно се намирени обврски за субвенции заклучно во 2015 година, односно за фуражни култури, жито, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органско производство и рурален развој. Во рамки на исплатената сума се и 364 милиони денари субвенции за 2016 година за млеко и оризова арпа, се наведува во соопштението.

Министерството за финансии, стои во текстот, остана доследно на спроведување на законската регулатива и покрај многубројните шпекулации во изминатиов период.

– Веднаш штом се создаде законска можност Министерството за финансии почна со исплата на субвенциите кон земјоделците – се посочува во соопштението од кабинетот на министерот за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top