Водителката на Фокс Њуз, Кимберли Гилфој отоврено цели на работната позиција на портпаролка на Белата куќа.
Се појавија информации како токму таа сака да го замени актуелниот портпарол Шон Спајсер кој повеќе пати беше во центар на скандали.
Отакако почна да се шушка дека Трамп посакува токму нејзе да ја види во својата канцеларија за односи со медиумите, таа изјавила дека би и било чест да и служи на земјата.
Рекла и дека верува дека ги има потребните квалификации за таа работа.
Атрактивната водителка инаку го познава семејството Трамп повеќе од десет години, а како што пишуваат медиумите се запознале на еден хуманитарен настан во Њујорк 2004 година.
Пред да се сврти на работата кон медиумите, Кимберли била адвокат и обвинител во Лос Анџелес и Сан Фарнциско каде што е и родена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.