Според најавите од директорката на Заводот и музеј во Охрид, Тања Паскали – Бунташеска интензивно се работи на реконструкција и санација на Мустафа Челеби џамијата во Струга. Објектот, кој беше срушен точно пред една година се очекува да биде обновен до крајот на годинава.
“Интензивно се работи на проектите за реконструкција и санација на џамијата. Оние делови коишто останаа ќе бидат санирани, а останатиот дел кој беше срушен ќе биде реконструиран и се надевам дека во иднина нема да имаме вакви проблеми”, додаде Паскали-Бунташеска. Според неа, голем дел од објектите коишто порано се прогласени за поединечни споменични добра, веќе не постојат.
Мустафа Челеби џамијата е еден од најстарите исламски верски објекти. Овој споменик на културата, заштитен со закон, бесправно беше срушен на 31 мај минатата година, од страна на претходното раководство на тогашното струшко муфтијство на чие чело беше муфтијата Ферат Полиси. Набрзо по овој потег тој беше сменет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


