| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Албанските партии не се фокусираат на прашања што ги засегаат Албанците во Македонија

Новите албански партии се доказ дека нешто не е во ред со претставувањето на албанската заедница, а доказ е и тоа што СДСМ добија доста гласови на овие избори од Албанците во Македонија, смета претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Според него албанските партии не се фокусираат на прашања што ги засегаат Албанците во Македонија.

„Охридскиот договор е целосно исполнет. Има улилишта и универзитети во кои наставата се одвива на албански јазик, има голем број албански медиуми. Албанските партии треба да размислат зошто Албанците ја напуштаат Македонија? Зошто речиси сите странски борци кои се во Сирија од Македонија се Албанци и кој води сметка за тие млади деца што се заведени? Зошто има толку негативни тенденции меѓу младите? Очигледно е дека тие прашања ги оставаат да ги решаваат државните институции, а албанските партии кои ја добиле нивната доверба се занимаваат со прашања кои не се во интерес на младите Албанци“, изјави Иванов и додаде дека партиите на Албанците наскоро ќе се соочат со локалните проблеми на локалните избори кои се од клучно значење за нивните поддржувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top