| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: ДУИ има многу поквалитетни кадри од Талат Џафери, кој ќе продолжи со провокации

ДУИ има многу поквалитетни кадри од Талат Џафери, кој провоцира, а верувам ќе продолжи со провокациите, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.

Тој откри дека дури и првото писмо што го упатил кон него содржело провокации, па бил принуден да му го врати за да упати до Џафери порака дека е втор човек во државата и треба да се однесува така.

„Со самиот избор да биде претседател на Собрание му следува обврска,а тоа е да го почитува Уставот. Се надевам дека неговиот хир наскоро ќе заврши и ќе се соочи со реалноста дека треба да биде претседател на Собранието, институција преку која народот зборува“, рече Иванов кој го оцени како провокација и поставувањето на албанското знаме во кабинетот на Џафери, првиот работен ден.

Сепак, Иванов вели дека нештата треба да одат согласно законите, па остава институциите да го оценат легитимитетот на изборот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top