| четврток, 6 декември 2018 |

Несекојдневна сцена во болница: Ја породи сопругата во ходникот на Гинекологија

Кога во родилиштето во Прокупље ја донел сопругата за да се породи, чекајќи ги во ходникот лекарите за да се појават, бебето почнало да се раѓа, а Звездан Ристиќ го прифатил детето да не падне на подот. Лекарите стигнале само за да ја пресечат папочната врвца и да ги згрижат мајката и детето.

Несекојдневниот настан се случил на Одделението за гинекологија, зошто, како што во шега сега вели Ристиќ, малечката Калина немала трпение да стигне до родилната сала.

-Се почна во раните утрински часови кога сопругата, во исчекување на породувањето почнала да крвари. Веднаш ја ставив во возилото и тргнав кој единственото родилиште во топличкиот округ во Прокупље. Во тој момент помислив дека нешто не е во ред со бебето, вели Звездан.

По доаѓањето на паркингот од болницата, со сопругата Светлана, која речиси и не можела да оди, тргнал кон зградата на родилиштето.

-Кога влеговме, вратата како и лифтот кој води до Одделението за гинекологија на катот беа заклучени. Во исчекување некој од медицинскиот персонал да се појави, ја видов сопругата како ја повлекува пижамата која ја носеше и во тој момент се појави главата на бебето. Не размислував многу, ја прифатив, а бебето само излезе, раскажува Звездан.

Набрзо потоа го слушнал звукот кој ќе го памети цел живот.

-Бебето заплака токму во моментот кога се појавија работниците од Гинекологија со дежурниот лекар. Веднаш потоа ја ставија жената на носилка и ја однесоа на Одделение и на крајот се се заврши како што треба. Уште сум возбуден, но не и исплашен за тоа што се случи, вели пресреќниот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top