| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Ниту еден политичар не бил понеправедно третиран од мене

Никој политичар не добивал понеправеден однос од страна на медиумите од мене, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по написите на весникот „Њујорк тајмс“, според кои претседателот побарал од шефот на ФБИ да ја прекине истрага против еден од неговите советници.

– Ниту еден политичар во историјата, и го тврдам тоа со голема убеденост, не бил третиран понеправедно, изјави Трамп пред дипломците од Академијата на крајбрежната стража на САД во државата Конектикат.

– Работите не се секогаш искрени. Борете се, борете се, борете се. Не дозволувајте да ве скршат. Не дозволувајте критичарите да ве спречат да си ги остварите соништа, рече претседателот на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top