| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Не доликува на министер за внатрешни работи да шири шпекулации

Претседателот Ѓорге Иванов ги оцени како шпекулации информациите за можно прогласување на вонредна или воена состојба, по настаните во Собранието од 27 април.

– Изјавата на министерот за внатрешни работи дека јас сум бил вклучен, а слушавме и по неделници лажни вести, шпекулации за вклучување на армијата, нека проверат и нека видат. Од име на Советот за безбедност, со кој јас претседавам, беше доставено до министерот писмо доколку има такво нешто да го достави и за тоа да го извести Јавното обвинителство, што е и негова обврска. Досега немаме одговор на писмото ниту од МВР, ниту од министерот за внатрешни работи, ниту од сите надлежни институции каде што се водат овие прашања. Така што, не доликува на министер за внатрешни работи да дава шпекулации, непроверени изјави или да навлегува дека претседателот ќе прогласел вонредна состојба. Нека го прочитаат Уставот да видат прво што е вонредна состојба, кога се воведува вонредна состојба, што е воена состојба и кога се воведува. Како да им гарантирам дека ниту помислил некој, ниту дека има таков план, изјави Иванов во интервју за „Само Вистина“ на ТВ Канал 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top