| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Тиранската платформа не е само политички туку и безбедносен проблем

Навистина таа таканаречена Тиранска платформа ни донесе многу негативна атмосфера, донесе вознемиреност кај населението и донесе страв не само кај нашите луѓе, туку и многу луѓе од нашата дијаспора секој ден се јавуваат во кабинетот и секој ден имаме дописи од наши организации во светот, од наши пријатели имаме совети како да постапуваме. Оваа Тиранска платформа и донесе голема штета и на Албанија, истакна Ѓорге Иванов претседателот на Република Македонија во емисијата „само вистина“ на канал 5 телевизија.

-Не знаете што се има поминато премиерот на Албанија кој еден ден треба да каже кој се дошол кај него и му кажал за тоа што го направил, не е наивно во негов кабинет да дојдат лидери од друга држава за да можат да создадат нешто за да се основа влада во друга држава. Истото се однесува и на претседателот на Косово бидејќи и тој со изјавите придонесуваше за таа атмосфера и сега гледаме ако имаме предвид дека уште во месец февруари на министерскиот совет на ЕУ е разгледувано прашањето за Тиранската Платформа и тие информации излегоа во јавноста и тоа се знаеше дека не е само политички проблем туку и безбедносен проблем затоа што и други држави реагираат што можат да бидат последици од таквиот начин на водење политика, вели Иванов.

Тој потенцираше дека тие прашања од Тиранската платформа излегуваат од рамките од уставниот поредок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top