Не толку одамна, со срце до името на партнерот во телефонскиот именик ја покажувавме љубовта во дигиталниот облик. Но, денеска, паровите својата љубов на друштвените мрежи ја докажуваат со многу објави на заеднички фотографии и љубовни статуси.
Ако не сте една од овие личности, тоа е добар знак за вашата врска, пишува „Инди 100“. Според новото истражување, двојките кои не објавуваат љубовни статуси по социјалните мрежи се најсреќните парови.
Сосема е нормално и здраво да се биде горд и јавно да се зборува за својата врска, но постои поврзаност помеѓу тоа колку личноста навистина е задоволна и колку често објавува селфи со „подобрата половина“. Постојат неколку причини за тоа.
Луѓето кои не користат социјални мрежи се многу посреќни, вели истражувањето. Нивното претерано користење често значи и депресија, бидејќи луѓето неминовно се споредуваат со другите и тоа негативно влијае врз самодовербата. Кога личноста е среќна со својот живот или врска, окупирана е со среќните моменти и не размислува на сликање или објавување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.