Секое зло за добро! Што не било, што не поминало. Македонија доживеала и надживеала и потешки товари на историјата, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук.
– И ова ќе помине, а ние ќе посведочиме и ќе работиме тоа што поскоро да се случи!
Народот има животна мудрост. ВМРО-ДПМНЕ има голем потенцијал. Посветени, упорни, достоинствени и сплотени. Претседателот Иванов е паметен човек. Да живее Македонија!, пишува тој.
Инаку во неделата, во викенд куќата на родителите на Милошоски беше пронајдена експлозивна напрaва во подрумот која за среќа не се активирала при отворањето на подрумската врата. Полицијата го истражува случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.