| четврток, 6 декември 2018 |

Голманот на Селта: Соиграчите немаат никаков мотив за триумф во мечот со Реал Мадрид

KRC Genk vs Celta de Vigo

Вечерва од 21 часот на „Балаидос“ се игра заостанатиот натпревар од Примера меѓу Селта Виго и Реал Мадрид кој може да биде одлучувачки во трката за шампионот во Шпанија.

Имено ако клубот од престолнина оствари позитивен резултат ќе направи голем исчекор кон пехарот во Ла Лига со оглед на тоа што останува да се доигра уште една рунда. „Кралевите“ имаа ист број на бодови со Барселона, ама со поволен исход денеска можат да му избегат на ривалот и на тој начин да си го отворат патот кон зацртаната цел.

Во полза на Реал му оди и тоа што Селта се уште жали за пропуштената шанса за финале во Лига Европа, па без дополнителен мотив ќе му пристапи на мечот. Тоа го посочи и првиот голман Серхио Алварез Конде.

-Не гледам никаков мотив во соблекувалната во мечеот пред Реал. Сепак јас сакам да оставиме добар впечаток на оваа средба – рече Алварез и додаде:

-Исто така никој на улица не ми приоѓа со зборвите оти мораме да го добиеме Реал. Сите се уште се со мислите во мечот од ЛЕ против Јунајтед. Мораме да закрепнеме од тоа, зошто во фудбалот има негативни работи. Знам оти Реал ќе тргне со 200 проценти на силата против нас, ама јас сакам триумф во двата преостанати мечеви во сезоната – рече Алварес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top