Грозда З. (66) од српското село Жабаљ починала вчера недалеку од куќата во која живеела, а полицијата се соменава сека се самозапалила. Како што јавија медиумите од соседството, таа веројатно се полила со безнин околу 19 часот, а соседите ја пронашле неколку часа подоцна во близина на куќата во која таа со семејството живееле под кирија.
Соседот Милан кој го пронашол телото на Грозда за Блиц.рс изјавил дека разговарал со нејзиниот сопруг Младенко околу 20 часот, кога тој му се пожалил дека сопругата му исчезнала и ја нема веќе неколку часа.
– Ми се пожали дека не знае каде му е сопругата, дека отишла некаде, ништо не понела сос ебе и дека ја нема веќе неколку часа. Додека разговаравме, во близина видовме како се крева чад, но помисливме дека само гори сува трева и обррнавме многу внимание, изјавил соседот кој додал дека тоа село не памети ваква трагедија.
Потоа мештаните забележале дека мирисот не е само од сува трева, туку мириса нешто друго, по што го откриле пеплосаното тело на жената. Тие додале дека сега починатата подолго време била болна, ја опишале како доста повлечена, а полицијата допрва ќе ги утврдува причините за трагедијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.