Зоран Заев, претседателот на СДСМ денеска го доби мандатот за составување на нова влада од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Иванов изјави дека пречките се отстранети и го даде мандатот на Зоран Заев, кој од новото собраниско мнозинство е определен за мандатар за состав на влада.
Зоран Заев се заблагодари и посочи дека се остранети двете пречки за доделување на мандатот, односно претседателот на Собранието Талат Џафери испрати писмо до претседателот Иванов за формираното парламентарно мнозинство, а тој како манадатар испорачал изјава во форма на гаранција.
– Во име на формираното парламентарно мнозинство прво гарантираме заштита на унитаарноста, сувернитетот територијатниот интегритет, независноста и мултиетничкност, заштита на уставниот поредок и на државните интереси и унарпедување на животот на сите граѓани без оглед на религиска етничка и јазичка припадност, почитување на основните демократски принциипи и владеење на правото не доведувајќи ја Македонија во состојба на потчинетост, истакна Заев.
Новиот мандатар Зоран Заев, според Уставот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници на коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.