Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, денеска беше промовирана монографијата за акварелите на академик Васко Ташковски, во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.
Промоцијата на монографијата беше збогатена и со изложба на акварели од познатиот автор, a за делото на Ташковски говореа Раде Силјан и Паскал Гилевски.
Во изминатите пет децении творечка дејност, академик Васко Ташковски одбележа значајна етапа во современите текови на македонското сликарство. На неговите платна земните и мистичните појави ја имаат моќта на една пресликана реалност, таинствена и магиска. Во богатото творештво на авторот вљубениците во уметноста препознаваат волшебник на таинственото, фантастичното, мистичното, невозможното, пишува писателот Раде Силјан во препораката на изданието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.