Државјанин на Албанија заработи казна затвор од триесет дена бидејќи бил фатен како нелегално пренесува оружје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на први јуни околу 22.30 часот на граничниот премин „Табановце“ при излез од Македонија при шверц на оружје е фатен 37-годишниот П.Б. од Албанија.
Тој бил во автобус кој сообраќа од Дебар до Виена, а при пасошка контрола од страна на полициските службеници му е пронајден и одземен пиштол со 12 куршуми, сокриен во појасот.
На кумановските полицајци тој им кажал дека пиштолот требало да го однесе на негов пријател во Виена.
Пиштолот му е одземен, а тој ќе остане во затвор триесет дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



