Во Македонија се регистрирани 1.440.000 корисници на интернет или 68,5 проценти од населението, а милион се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.
Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат во Словенија (72,8 проценти) и во Хрватска (75 проценти). Зад Македонија се рангирани БиХ (68,1 процент), Србија (66,6 проценти), Грција (63,2 проценти), Црна Гора (60,2 проценти), Албанија (60), Бугарија (56,7).
Во Европа интернет користат 637 милиони луѓе, а Фејсбук 328 милиони. Глобалната он лајн мрежа најмногу се користат во Исланд, односно 100 проценти од жителите, по што следат Норвешка, Холандија и Шведска со 96 проценти. Најмалку интернет корисници има во Украина 43,4 проценти.
Според Интернет ворлд стат, во светот има 3,67 милијарди интернет корисници или 50,1 процент од вкупната светска популација, а 1,68 милијарди луже користат Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.