| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон формирала движење за да го турне Трамп со пари од скриени донатори

Хилари Клинтон во понеделник формираше ново политичко движење  “Заедно напред”. Целта на движењето е да им помага на групите кои ги потикнуваат луѓето да се ангажираат во политиката  против Трамповата администрација. Со овој потег  таа се враќа во политичката арена по изборниот пораз од репуликанецот Доналд Трамп во ноември.

-Изминатите неколку месеци размислував, поминував време со семејството и шетав низ шумата – пишува поранешната демократска претседателска кандидатка Клинтон во серија твитови.

-Како никогаш до сега, сега верувам дека граѓанскиот ангажман е од витално значење за нашата демократија. Ме инспирираа сите оние кои се обидуваат да се организираат и да предводат. Оваа година не е онаква каква ја предвидов,  знам зошто се уште се борам – за почовечна, посрдечна, пинклузивна Америка. Напре- напиша Клинтон.

download

Таа наведе пет групи кои нејзиното движење ќе ги подржи, меѓу нив се „Неделливи“, чија декларативна цел е да му се спротивстави на Трамп, за расна еднаквост „Боја на промени“ и водечкиот демократски програм за обука на жени “Америка која никнува”.

Медиумите пренесуваат дека „Заедно  напред“ е политичко движење кое е организирано како добротворна непрофитна организација врз основа на американските правила за основање на такви групи.

Тоа значи дека може да собира парични средства од било кој извор а да не ги објавува имињата на своите донатори, наведуваат американските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top