В петок, 19 мај, во галеријата на Младинскиот културен центар, со почеток во 20 часот ќе биде отворена озложба на фотографии од Стефан Шашков, со наслов СТОП.
Овој фотографски проект како идеја е зачнат на Флорида, САД, 2016 година и е инспириран од една игра/вежба, наречена СТОП, популаризирана од руско-ерменскиот мистик, филозоф, духовен учител и композитор, Ѓорѓи Иванович Гурџиев (1872 – 1949).
Многу учени напоменуваат дека елементите на играта во една култура се важен дел од животот на човекот. И навистина, на пример, Сумерите, Асирците, кои живееле векови наназад, во земјите кои сега се нарекуваат Историска Ерменија (од Таврос до Месопотамија) и поширокиот кавкаски регион, го познавале значењето на играта, театарот и уметноста, впрочем како и античките народи од балканските простори.
Самиот Ѓорѓи Иванович Гурџиев ја презеде оваа позната СТОП вежба од старата традиција за да ја покаже важноста на присутноста. Како деца, се секавам, ја игравме оваа игра, без да го знаеме нејзиното значење и без да знаеме кој е Гурџиев.
Денес, барем на нашите простори, таа игра е заборавена, но може да се видат деца како сѐ уште ја играат оваа игра во Ерменија и на ерменски се нарекува „ЗГАСТ“ што може да се преведе како внимание и присутност, во најдлабокото значење на зборот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст