| четврток, 6 декември 2018 |

Мрачното минато на победникот на Евровизија: Живее во вителот на џезот, дрогата и опасната болест

„Живеам во замката на својата болест. И тоа чувство ми е најлошо. Не мислам дека поради тоа сум посебен. Јас сум обичен човек кој има здравствени проблеми. И ако утре умрам, ќе умрам среќен“ вели победникот на Евровизија, емотивениот Португалец Салвадор Собрал, кој ги освојува насловните страници низ Европа.

– Секој ден кога ќе се разбудам и дишам нормално, за мене е добар ден. А, сепак, има денови кога се чувстувам мн0гу лошо и плачам – додава тој во едно од многубројните интервјуа.

Португалија првпат во историјата победи на Евровизија за 53 години откако учестуваат во изборот. Затоа и аеродромот во Лисабон беше преполн со обожаватели.

Собрал е роден три дена по Божик во 1989 години и како дете често патувал со родителите и сестра му која инаку е автор на песната со која тој победи на Евровизија.

– Патувавме и слушавме музика. Битлси, Џенезис, Сајмон и Гарфангел – раскажува тој.

Во младоста го отркил богатиот ноќен живот, но и наркотиците. Во една од тие вечери во зачадени барови каде што се движат умитници од разни профили тој го запознал џезерот Чет Бакер. За него велел дека душата им е иста: анксиозна, но полна со надеж и меланхолија.

Тој не сака мн0гу да говори за своето здравје, а таблоидите пишуваа дека едвај го преживеал настапот во Киев. Имаше шпекулации дека бил на две операции на кила и дека може да почине до крајот на годината ако не се најде донатор. Тој има и проблеми со срцето.

Собрал вели дека има една неисполнета желба, а тоа е да стане татко.

– Но за да бидам татко треба да бидам здрав – додава Португалецот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top