| четврток, 6 декември 2018 |

Осумгодишно девојче ја јадело оваа намирница, сега не може да се движи ни да зборува

Осумгодишната Лекси Ми била здраво девојче до пред три години кога и препишале антибиотици против воспаление на уво.

Утрото, откако почнала да го конзумира антибиотикот се разбудила неподвижна, а лицето и било искривено.Детето поминало две недели во болница, а докторите не можеле да и постават дијагноза. Нејзината 30-  годишна мајка верува дека се е последица од конзумирање туна.

-Уверена сум дека сето ова е последца од труење со жива.  Таа веќе не може да се движи и да зборува- уверено раскажала мајката.

-Поминавме безброј тестови, скенирања на телото и главата , биопсија на кожата  и на белите дробови, но никој неможе да постави дијагноза. Линзи обожаваше да јаде туна. Јадеше и на училиште и дома, а јас не и бранев зошто верував дка тоа е здраво. Сега таа е неподвижна и не може да зборува. Не може да каже ни „мама“ срцето ми се крши, мозокот и работи нормално а таа не може да се помрдне ни да каже нешто. Пред неколку дена беше роденден на една од нејзините другарки, а таа ги гледаше тажно и почна да плаче затоа што не може да си игра со нив, раскажува очајно мајката.

Туната е многу здрава и немопходна за живот, меѓутоа многу нутриционисти советуваат да не се јаде секој ден, зошто општо е познато дека туната е миграциона риба , која може да преплива многу километри, а при тоа впива големо количество на жива како последица на загадување на морето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top