Вулканот Кампи Флегреи во јужна Италија „работи“ веќе 67 години, а неговата ерупција би можела да се случи порано отколку што се очекувало, предупредуваат експертите од UCL (University College London) и Опсерваторијата Везув во Неапол.
Досега се забележани двегодишни периоди од помала вулканска активност во 50-тите, 70-тите и 80-тите години од минатиот век, кои предизвикале локални потреси и подигање на почвата.
Според новиот модел на проучување на вулканската фрактура кој е развиен во UCL, активностите на вулканот од 50-тите години се се` почести и имаат кумулативен ефект, при што се таложи енергија во кората на вулканот, па поради тоа е се` поподложен на ерупција.
Вулканската активност е предизвикана од движење на магма на три километри под вулканот. Можноста за ерупција станува се` поголема, штом почвата ќе се развлече до точка на пукање, бидејќи тогаш растопениот камен може да избие до површината.
Немирниот Кампи Флегреи со подигањето на почвата веќе го турнал блиското пристаниште Покуоли повеќе од три километри надвор од морето. Поради вулканските потреси кои се случиле во 1970 и 1983 година, десетици илјади луѓе биле евакуирани од Покуоли.
Кампи Флегреи покрива површина од околу сто квадратни километри до западните предградија на Неапол. Неговата денешна ерупција би погодила повеќе од 360 илјади луѓе во неговата околина и населението на Неапол кое брои речиси милион луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст